Дома Македонски спорт Мак фудбал Вторлигашот кој стигна до 1/4 финалето во македонскиот куп се расформира!

Вторлигашот кој стигна до 1/4 финалето во македонскиот куп се расформира!

Македонската вторал ига остана без Лабуништа, сопственикот на клубот Адем Нуроски соопшти дека се повлекува од финансирањето на клубот.

Одлуката за повлекување од Лабуништа Нуроски ја соопшти на неговиот Фејсбук профил. Инаку, Лабуништа стигна до четвртфиналето од Купот на Македонија.

„Со моја конечна одлука и став сакам да ви се обратам на сите љубители на фудбалот, фудбалската јавност, сите мои жители на Лабуништа и сите кои со нетрпение го чекаа овој момент. Како човек кој го формираше Лабуништа од 2011 година, па до денес имам вложено повеќе од возможното за да може клубот да остави позитивен белег и секој да може по добро да го памети тоа. Знаејќи дека само 20% од финансиите се од спонзорите, а останатите 80% сам се борам да ги најдам, досега немам никаков долг кон никого. Ниту во еден момент клубот не го направив приватен и гордо го носев името на моето село Лабуништа. Во последните неколку години видов и добро и лошо. доброто е што од срце запознав луѓе кои засекогаш ќе останат во мојот живот, а лошата страна е тоа што луѓето кои ги сметав за пријатели ми станаа непријатели и ја згазија мојата борба за клубот. Не сакам да зборувам за цифри, иако знам дека кој добро го познава фудбалот, ќе знае колку пари се вложени. Ќе го повикам Управниот одбор и таму детално ќе презентирам. Ќе понудам да се пронајде човек кој ќе го води клубот уште подобро и кој ќе напише историја. Моите досегашни фудбалери ќе добијат чисти документи, а новата управа ќе може да преговара со секој од нив. Досега сум имал неколку неуспешни обиди за откажување, но овој пат е конечно. Со чист образ го напуштам клубот, кој девет години е мојот живот. Нашето официјално заминување ќе го потврдам на состанокот со Управниот одбор кој ќе се одржи следниите денови, а со мене заминуваат и Претсеателот на клубот Сафет Д. и Ивана Лескароска, која две години рамо со рамо се бореше со мене. Доволно трпевме навреди з тоа што го направивме од срце. Со почиит посебно сакам да се обратам до претставниците на Фудбалската федерација, на спортските работници, кои секогаш беа дочекани како што доликува и секогаш ќе го имаат на располагање моето пријателство. Со почит, Адем Нуроски“, стои во неговата објава.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал Мадрид не се откажува од Погба

Реал Мадрид изгледа нема намера да се откаже од намерата да го доведе Пол Погба. Француски…