Дома Трансфер зона Време на модерна технологија: Калчолигаш се договори со играч преку „Ватс Ап“ (ФОТО)

Време на модерна технологија: Калчолигаш се договори со играч преку „Ватс Ап“ (ФОТО)

0

Претседателот на Каљари се пофали со преговарачките вештини.

Додека тимот од Сардинија се споменува во контекс на заминување на Николо Барела, првиот човек на клубот, Томазо Џулини се пофали за успешно продолжување на соработката со Лука Чигарини.

Официјализирањето на договорот веројатно ќе поминеше незабележано доколку претседателот Џулини на својот Твитер профил не го објавеше начинот на кој се договорил со Чигарини.

Претседателот на италијанскиот прволигаш дел од разговорот со овој играч објави на социјалните мрежи.

„Дали имаме договор?“

„Да, имаме!“

„Ти благодарам Чига. Со тебе сме во добри раце или подобро кажано во добри стапала.“

„Тиа благодарам Прес, поставивме добри темели.“

„Те очекувам утре за потпис.“

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето о…