Дома Фудбал Англија Во Јунајтед се воодушевени, но статистиката е немилосрдна: Човекот од 1,5 милиони евра потполно го стави во сенка во дербињата

Во Јунајтед се воодушевени, но статистиката е немилосрдна: Човекот од 1,5 милиони евра потполно го стави во сенка во дербињата

Ромелу Лукаку како големо засилување пристигна на „Олд Трафорд“. За брзо време Белгијанецот тоа целосно го оправда. Одлично го искористи отсуството на Златан Ибрахимовиќ и се етаблираше како прв напаѓач на тимот.

Меѓутоа, многумина тврдат дека поранешниот центрафор на Евертон не е за големи дербиња. Дали се тие во право? Со месеци се води полемика околку шампионскиот ген на белгискиот голгетер, односно дали го има или не, а натпреварот против Ливерпул никако не му оди во корист.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Постојат и оние кои ќе речат дека повеќе и не можеше поради бункерот на Мурињо, Секако, постои вистина и во тоа, но она што не му оди во прилог се бројките. Имено, тие откриваат дека во последните три години на големите натпревари Лукаку постигна само пет гола.

Англичаните веднаш овој ефект го спроедија со Џејми Варди, кој Лестер го доведе за смешни 1,5 милиони евра. Потсетуваме, Белгијанецот ова лето од „Гудисон“ пристигна за огормни 85 милиони евра.

Меѓутоа, статистиката во големите натпревари драстично им е различна, иако би требала да биде сосема различна. Податоците покажуваат дека во последните три години напаѓачот на Лестер постигна 19 гола во дербињата и тоа играјќи за послаб тим од Јунајтед (па и од Евертон).

На англичаните по дербито помеѓу Ливерпул и Јунајтед ова им е главна тема и се прашуваат дали португалскиот стратег плати речиси 100 милиони евра за напаѓач кој ќе постигнува голови само на малите екипи.

Погледнете ги споредбените перформанси на Варди и Лукаку во дуелите со шестте најсилни англиски клубови и се ќе ви биде јасно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скржавоста може скапо да го чини Перез: Ако не се реши брзо, се „активираат“ Ливерпул, Челси и Арсенал

Реал Мадрид има неуспешна сезона зад себе и летово ќе мора уште еднаш да се сврти кон тран…