Дома Трансфер зона Во Сити добива милиони, а бебиситерката ја оставил да му работи – без плата!

Во Сити добива милиони, а бебиситерката ја оставил да му работи – без плата!

Манчестер Сити оваа сезона стигна до нова титула во Премиер лигата, а Пеп Гвардиола така стана првиот тренер кој ја одбранил титулата во најсилната англиска конкуренција после Сер Алекс Фергусон.

Ријад Марез после долгата сага конечно заврши во Лестер и од клупата знаеше да одигра клучна улога во неколку натпревари. Во Сити тој пристигна минатото лето за сума од 60 милиони фунти, а во Манчестер заработува 200.000 илјади фунти неделно.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Но и покрај тоа што Марез ја добивал таа сума не ја исплатил договорената плата на бебиситерката која му ги чувала неговите две деца. Таа својата приказна ја раскажа за таблоидот „Сан“.

Госпоѓата Каталина Мирафлорес поднесе и тужба против брачниот пар, судот пресудил во нејзина корист па Марез морал да и исплати 4.000 фунти и да ги покрие сите судски трошоци.

„Јас чесно си работев мојата работа и само сакав да ги добијам парите кои ги заработив. Не му барам ништо повеќе. Стоев на располагање 24 часа, спиев во иста соба, кога се будеа морав да се справувам со нив. Не можев да си одам дома, но немав проблем и како што кажав сакав да го добијам тоа што заработив“, изјави 52 годишната госпоѓа за „Сан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…