Дома Фудбал Италија Во Наполи „полудеа“: Спремаат спектакуларна одлука за реваншот со Јуве!

Во Наполи „полудеа“: Спремаат спектакуларна одлука за реваншот со Јуве!

Во Наполи се многу лути поради случувањата на првиот полуфинален натпревар од Купот каде Јувентус победи со 3:1 со два досудени пенали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На „Сан Паоло“ сметаат дека многу од одлуките на судијата Паоло Валери се донесени во корист на Јувентус, а „Кориере дело Спорт“ дознава дека претседателот Де Лаурентис одлучил за реваншот да настапи со младиснкиот тим.

Тоа е знак на бојкот и Наполи наводно на тој начин покажува дека нема ни да се потруди да ја стигне предноста на „бјанконерите“ од првиот натпревар.

Весникот вели дека сопственикот на Наполи бил толку бесен што дури се заканил дека реваншот ќе го игра со младинци во знак на протест.

Реваншот е на програмата на 4-ти април, па останува да видиме дали Наполитанците ќе останат на својата одлука или сепак ќе одлучат со ладни глави

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико со одговор до Алварез и Барселона: Може, но за половина милијарда евра

АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Џулијан Алварез (26), кој е објект на интерес на Арсенал, Барселона …