Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Македонија се „тестираше“ ВАР и тоа – на натпревар на четвртолигаш! 🎥

Во Македонија се „тестираше“ ВАР и тоа – на натпревар на четвртолигаш! 🎥

По големиот број судиски грешки во македонскиот фудбал, ФФМ неодамна најави дека ќе воведе ВАР во Премиер лигата, а сега видовме една интересна ситуација каде што може да се види дека ВАР би бил од корист.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, тимот од Аеродром, ФК Слободен кој се натпреварува во четвртата лига во зимската пауза организира турнир на кој игра неговата прва екипа, тимот до 18 години и тимот составен од поранешни играчи на ФК Слободен. Целта е играчите да останат во добра физичка форма и кога ќе почне вториот дел од сезоната.

Така изминатиот викенд сениорите играа против У18 тимот и славеа со 8:5. Меѓутоа тука видовме и ситуација како ВАР би бил од корист и на терените во македонскиот фудбал.

играч на У18 влезе во шестнаесетникот, а од зад грб лизгачки старт му направи играч на првиот тим. Од снимката се гледа дека стартот е чист, на топка, но на судијата од неговиот агол му се виде дека е фаул и покажа најстрога казна – пенал. Главниот судија потоа веднаш се упати крај аут-линијата, каде на мобилен телефон ја прегледа ситуацијата (натпреварот одеше во живо на стрим на YouTube!) и ја призна грешката, па досуди аут наместо пенал.

ВИДЕО ОД СИТУАЦИЈАТА:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…