Kлубовите во Примера од поодмна не биле вака активни на трансфер пазарот во јануарскиот преоден рок.
Вкупно беа направени 57 трансфери, потрошени беа 315 милиони евра, што е пет пати повеќе од минатиот јануарски преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леванте, Малага и Лас Палмас доведоа по седумина фудбалери и самата луга потпиша договор со деветмина фудбалери од Саудиска Арабија кои ги испрати во различни клубови.
„ЕСПН“ го прогласи победникот на овој преоден рок и тоа е Атлетико Мадрид, екипа која ги доведе Витоло и Диего Коста кои од овој месец имаа право да играат за овој тим. Интересно е што не се одлучија за Барселона која го доведе Кутињо.
Гуидети е добро засилување за Алавеш тоа го покажа и во претходниот период. Додека губитник би можел да биде Виљареал кој го продаде Бакамбу на Кинезите.
Добри засилувања можат да бидат Саксес во Малага и Лусијано Вието во Валенсија кој на дебито постигна хет-трик.
Сепак, можеби најинтересно е што Реал Мадрид не доведе ниту еден фудбалер. Би можело да се каже дека се е во ред, но Реал заостанува 19 бодови во првенството, атмосферата во екипата не е баш најдобра, а во Лигата на шампионите ги очекува натпревар против ПСЖ.