Дома Фудбал Во Каталонија врие: Барса бара одложување на мечот со Лас Палмас

Во Каталонија врие: Барса бара одложување на мечот со Лас Палмас

Денес се одржува референдум за независност на Каталонија, а последните вести говорат дека има нереди по улиците и повредени луѓе.

Во Барселона моментално владее тотален хаос, па поради тоа управата на клубот ќе испрати и официјално барање до Ла Лига за одложување на денешниот натпревар против Лас Палмас во рамките на 7-то коло од Примера.

Ситуацијата навистина може да излезе од контрола, бидејки денес во Барселона и околината беа забележани неколку инциденти, по што полицијата го засили бројот на полицајци по улиците и на гласачките места.

Ѕвездата на Барселона Жерар Пике утрово излезе на гласачкото место и заокружи за независност на Каталонија, а во тоа му се придружија уште Чави, Пијол и Пеп Гвардиола кој гласал преку електонска пошта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот со Словенија во Љубљана

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека во продажба се пуштени билетите за…