Дома Останати Ракомет Во Еурофарм Пелистер мотиварни: Вечерва сакаат да стават крај на серијата без победа во европската елита

Во Еурофарм Пелистер мотиварни: Вечерва сакаат да стават крај на серијата без победа во европската елита

Eкипата на Еурофарм Пелистер вечерва од 20:45 часот ќе се обиде да стави крај на долгата низа од 22 натпревари без победа во Лигата на шампионите.

Последниот триумф во елитата битолскиот состав го запиша на 8 октомври 2005 година кога беше победен Кадетен Шафхаузен, додека во минатата сезона запишаа 14 порази во исто толку натпревари. Во четвртото коло сезонава го освои првиот бод со ремито против Спортинг.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во натпреварот вечерва македонскиот шампион влегува како подобро пласиран од Висла Плоцка која претрпе порази во првите четири натпревари.

Тренерот Бранислав Ангеловски и пикерот Жарко Пешевски пред натпреварот најавија дека освоениот бод против Спортинг кој до дуелот со Пелистер беше максимален ќе им биде дополнителен мотив.

Натпреварот се игра во Полска во „Орлен Арената“ и трибините се очекува да бидат исполнети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Барса тргнува по ѕвездата на Леверкузен

Барселона сака да ја засили одбраната и ќе се обиде да го доведе централниот дефанзив…