Дома Топ вести Во Баерн загрижени со причина: Левандовски побарал да си оди!

Во Баерн загрижени со причина: Левандовски побарал да си оди!

Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски најверојатно ќе биде во центарот на вниманието на крајот на оваа сезона кога ќе започне летниот трансфер период.

Неколку недели се шпекулира за тоа дека Левандовски ќе го напушти баварскиот клуб. Иако од Баерн соопштија дека тоа нема да се случи и дека немаат во план да го продадат, изгледа дека ситуацијата е поинаква.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Германските меиуми пренесоја дека во редовите на актуелниот шампион на Германија владее голема загриженост и тоа со добра причина. Наводно, Левандовски им кажал на управата на клубот дека сака да си оди на крајот на сезоната и дека едноставно му се потребни нови предизвици.

Интерес за полскиот напаѓач покажа Реал Мадрид, но во борбата за овој напаѓач подготвени се да се вклучат и Челзи и Манчестер Јунајтед. Но, „Bild“ смета дека ова е обид на Лева да добие нов договор кој ќе биде многу поголем од сегашниот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…