Дома Фудбал Останато „Волшебникот“ го изневери Меси!

„Волшебникот“ го изневери Меси!

Четири години Роналдињо настапуваше заедно со Лионел Меси во Барселона и никогаш не го криеше воодушевувањето за играчот кого го нарекуваше „новиот Марадона“, но сепак во овој момент според популарниот „Волшебник“ Меси не е најдобар во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот Роналдињо после финалето во Кардиф беше запрашан кој според него е најдобар фудбалер во светот, а еве што одговори тој.

„Кој? Па Кристиано Роналдо, секако. Резултатите, титулите, бројот на голови и неговата игра доволно ззборуваат“, изјави Роналдињо.

Со оваа изјава Роналдињо веројатно го изненади и самиот Меси, бидејќи освен што е негов пријател, Роналдињо е и клупски амбасадор на Барселона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси го пропушти тренингот поради повреда на главата

На само неколку дена пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Англија, в…