Дома Тенис Вистинско ремек-дело: Ѓоковиќ го доби најголемиот мурал во Сараево! (ФОТО)

Вистинско ремек-дело: Ѓоковиќ го доби најголемиот мурал во Сараево! (ФОТО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го доби најголемиот мурал во Сараево, БиХ, каде што академскиот сликар Милош Поповиќ реши да го нацрта на една станбена зграда.

Муралот е висок неверојатни осум метри, а на уметникот му требаа пет дена за да го заврши. Тој вели дека станува збор за најголемиот мурал на светот кој е посветен на Србинот.

„Со оглед на тоа дека Ноле е број еден во светот на спортот, тоа е глобална порака. Верувам дека сите кои ќе ја посетат оваа мала општина, ќе искористат шанса да се фотографираат покрај муралот“, кажа Поповиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за Осака во Токио: 18-годишна Словачка ја запре пред домашната публика

Миа Поханкова, 144. тенисерка на светот, ја елиминира Наоми Осака во второто коло во Токио…