Дома Останати Тенис Вимблдон: Серена во 10-то финале ќе игра против Кербер

Вимблдон: Серена во 10-то финале ќе игра против Кербер

0

Германката Анџелик Кербер и Американката Серена Вилијамс ќе се сретнат во овогодинешното финале на Вимблдон.

Во првото полуфинале Анџелик Кербер ја победи дванесетата тенисерка во светот, Јелена Остапенко со 2:0 (6:3, 6:3).

Кербер ја победи Остапенко после 67 минути игра. Таа четири пати го одзема сервисот на противничката, додека Остапенко направи еден брејк.

Место во финалето обезбеди и Серена Вилијмас откако денес ја совлада Германката, Јулија Гергес исто така со 2:0 во сетови (6:2, 6:4).

Мечот помеѓу Вилијамас и Герегес траеше 70 минути.

За некогаш најдобрата тенисерка во светот ова ќе биде 10-то финале на Вимблдон и ќе се бори за осмата титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со емотивно писмо до јавноста: Ви го пишувам ова помеѓу менувањето пелени и читањето книги за диносауруси

Новак Ѓоковиќ после повредата и операцијата на лактот минатата година се врати на голема в…