Дома Останати Тенис Вимблдон: Нишикори елиминиран, Ѓоковиќ во полуфиналето

Вимблдон: Нишикори елиминиран, Ѓоковиќ во полуфиналето

0
djokovic

Српскиот тенисер продолжува со победите на Вимблдон, денес го совлада Јапонецот за влез во полуфиналето.

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако денес го совлада Кеи Нишикори со 3:1 во сетови (6:3, 3:6, 6:2, 6:2).

Новак добро го започна мечот, веќе во четвртиот гејм го освои првиот гејм, поведе со 3:1, но Нишикори веќе во наредниот го возврати ударот и стигна до 3:3.

Сепак, тоа не влијаеше на Ѓоковиќ, веќе во осмиот гејм уште еднаш го освои сервисот на ривалот за потоа да го приведе мечот кон крај.


Следете го Sportski.mk и на


На почетокот на вториот сет имаше две одлични прилики да стигне до голема предност, но пропушти брејк топка, а потоа и уште три во третиот гејм. Нишикори тоа го искористи и поведе со 4:1 и предноста успеа да ја одржи до крајот на сетот.

Во продолжение следуваше сигурна игра два сета од по 6:2 за победа на српскиот тенисер.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе го игра против подобриот од мечот, Дел Потро – Надал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сцена која го обиколи светот: Федерер во улога на тренер на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Швајцарецот Федерер добри си ја заврши работа за тимот на Европа и донесе поен со победата…