Дома Останати Тенис Вимблдон: Надал со пресврт закажа полуфинале против Ѓоковиќ

Вимблдон: Надал со пресврт закажа полуфинале против Ѓоковиќ

0
nadal

Актуелниот тенисер број еден на АТП листата, Рафаел Надал го совлада Хуан Мартин Дел Потро после пет одиграни сетови.

После скоро пет часа игра Надал беше подобар со резултат 7:5, 6:7 (7), 4:6, 6:4, 6:4.

После изедначена игра во вториот дел Надал го подигна нивото на игра во финишот и го реши сетот во своја корист со 7:5.

Дел Потро отвори многу подобро во вториот дел, на крајот видовме и тај-брејк каде што Аргентинецот направи пресврт и успеа да изедначи на 1:1.


Следете го Sportski.mk и на


Во третиот на Дел Потро му беше доволен еден брејк во десеттиот гејм за да го освои сетот. Во тие моменти изгледаше дека после елиминацијата на Федерер ќе видиме уште едно изненадување.

Но, сепак Шпанецот не дозволи изненадување, во следните два сета заигра онака како што најдобро знае и успеа да се избори за место во полуфиналето каде што ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој денес го совлада Кеи Нишикори.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зверев го изненади Федерер и стигна до најголемата победа во кариерата!

Германскиот тенисер Александар Зверерв се пласираше во финалето на Завршниот мастерс во Ло…