Бразилскиот фудбалер Вилијан минатата година од Челзи премина во Арсенал и изјави дека со клубот од „Емирати“ сака да ја освои Лигата на шампионите. Една година подоцна, Челзи го освои натпреварување, а Арсенал не обезбеди настап за наредната сезона ниту во Конференциската лига.
„Зборував со Артета и тој ми го претстави проектот. Прво сака да се пласираме во ЛШ, а потоа и да ја освоиме. Тоа сакав да го слушнам. Во Челзи бев седум години и освоив се освен Лигата на шампионите. Се надевам дека овој трансфер ќе ми го донесе трофејот кој го немам освоено“, изјави тогаш Вилијан.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Вилијан за Арсенал сезонава одигра 37 натпревари, постигна еден гол и подели пет асистенции. Клубот не освои ниту еден трофеј и не се пласираше во европските натпреварувања.