Дома Фудбал Англија Вилијан го бара половина Европа, а тој тврди: Ќе го чекам Челзи

Вилијан го бара половина Европа, а тој тврди: Ќе го чекам Челзи

Бразилскиот репрезентативец Вилијан влезе во последната година од договорот со Челзи, па постојано се шпекулира околу неговата иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот долго се поврзуваше со трансфер во Барселона, но сега во трката за неговиот потпис се вклучија уште неколку европски гиганти.

Вилијан веќе во јануари ќе биде во можност да преговара со заинтересираните клубови и да потпише преддоговор, но тој тврди дека ќе чека понуда од Челзи.

„Не сакам да комуницирам со други клубови, затоа што имам договор до крајот на сезоната. Јас сум играч на Челзи, само сакам да кажам дека клубот знае што ми треба. Искрено, среќен сум овде, среќен сум што играм за овој клуб, но тоа не зависи од мене. Чекам понуда од клубот, тие знаат што сакам“, изјави Вилијан.

Триесет и едногодишниот Вилијан оваа сезона настапи на 15 натпревари за Челзи и постигна три гола со три асистенции.

Челзи има политика на играчите над 30 години да им нуди само едногодишен договор, но ќе мора да го прекрши тоа правило доколку сака да го задржи Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА шокираше со изборот за судијата за натпреварот на Франција и Мароко

Откако вчера се одиграа последните два натпревари од осминафиналето на Светското првенство…