Дома Фудбал Англија Видео: Ќе ги запре ли некој моќните „граѓани“? – Машинеријата на Пеп го прегази и Тотенхем

Видео: Ќе ги запре ли некој моќните „граѓани“? – Машинеријата на Пеп го прегази и Тотенхем

de bruyne

Со почеток во 18:30 часот во англиската Премиер лига беше одиграно дербито на колото.

Манчестер Сити продолжува да „гази“ во Премиер лигата, денешна жртва беше тимот на Тотенхем кој беше поразен со 3:0.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


До водство „граѓаните“ стигнаа со погодокот на Илкај Гундоган во 14 минута од натпреварот. Тоа беше и единствениот погодок во првиот дел.

Во вториот следуваа многу повеќе возбудувања. Кевин Де Брујн во 70 минута погоди за 2:0, а само пет минути подоцна Габриел Хесус не реализираше пенал, а од одбиената топка Рахим Стерлинг промаши голема прилика.

Сепак, Стерлинг успеа да се поправи и тоа на десет минути до крајот кога зголеми на 3:0, но тоа не беше се од него, во последната минута од натпреварот успеа и втор пат да погоди за 4:0. Конечните 1:4 и почесниот гол за Тотенхем ги постави Кристијан Ериксен во судиското продолжение.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…