Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Хрватска преку пенали до четвртфинале, Субашиќ херој

Видео: Хрватска преку пенали до четвртфинале, Субашиќ херој

Хрватска и Данска одиграа возбудлив натпревар, кој заврши без победник после 120 минути, па патникот во четвртфиналето беше одлучен со изведување на пенали.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Најважните моменти на мечот се случија во првите пет минути. Данска уште во првата минта дојде до водство преку Јоргенсен, но само три минути подоцна Манџукиќ го израмни резултатот.

Во второто полувреме гледавме претпазлива игра од двете страни. Хрватска ја контролираше играта, а Данска имаше неколку спорадични шанси.

Најдобрата шанса на мечот ја имаше Хрватска во 116 минута кога судијата досуди на белата точка, но Шмајхел го одбрани ударот на Модриќ.

Во пенал серијата поуспешна беше Хрватска, а херој беше голманот Субашиќ кој одбрани три пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Барселона на својот домашен терен го порази Реал Мадрид со 2:0 благодарение на головите на…