Тотенхем под водство на Мурињо ја запиша 4-та победа во петиот меч и се искачи на шестата позиција на табелата, тимот на Солскјер едвај до бод.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Карамелите“ први поведоа со автоголот на Виктор Линделеф. На голот му претходеше контроверзна ситуација откако Јери Мина со лакт го удри голманот Де Геа кој ја промаши топката, а таа удри во ногата на Линделеф и заврши во мрежата.
Во второто полувреме „црвените ѓаволи“ тргнаа на се или ништо, а до израмнување стигнаа при самиот финиш со голот на Мејсон Гринвуд.
Тотенхем запиша важна победа на гостувањето кај Вулверхемптон. „Спарси“ поведоа со голот на Лукас во 8-та минута, а „волците“ израмнија со голот Траоре. Сепак, Вертонген во самиот финиш му донесе победа на тимот на Мурињо.