На Кристиано Роналдо оваа сезона не му оди во шпанското првенство, нема постигнато ниту еден гол, па нервозата кај Португалецот е се поголема.
Своето незадоволство Роналдо го искажува како на теренот, така и надвор до него. На тренингот пред над натпреварот против Еспањол Португалецот ја зеде топката и гаѓаше кон трибината каде се наоѓаат новинарите.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Медиумите во Шпанија коментираат дека ова не е прв пат Роналдо вака да се однесува кон седмата сила, но сега Португалецот е видно загрижен и разочаран.