Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Видео: Рапсодија по хрватски ноти, Аргентина пред елиминација

Видео: Рапсодија по хрватски ноти, Аргентина пред елиминација

0

Хрватска го доби дербито во Групата Д и обезбеди пласман во осминафиналето, додека Аргентина со само еден бод е пред елиминација.

Во првото полувреме силите на теренот беа израмнети без многу шанси на двете страни. Аргентина го имаше поседот на топката, но најзрелата шанса ја имаше Манџукиќ кој биеше непрецизно со глава од пет метри.

Во второто полувреме се започна со киксот на Кабаљеро, кој со непромислен потег му ја подари топката на Ребиќ, а овој на мајсториски начин ја смести во голот за водство од 1:0.

Тогаш Сампаоли фрли се на една карта и во игра ги стави Дибала, Игуаин и Павон, а тоа им отвори простор на „коцкестите“.

Најпрво следуваше фантастичен гол на Лука Модриќ од дваесетина метри, а печат на победата стави Ракитиќ во 92-та минута за конечни 3:0.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Модриќ скромен после прогласувањето за најдобар играч на Мундијалот

Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во ко…