Светскиот шампион Марк Маркез стигна до нова победа во Мото ГП шампионатот, овој пат пред својата публика во Харез.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Трката ја одбележа спектакуларниот троен судир кога Дани Педроза, заедно со двајцата возачи на Дукати, Андреа Довициозо и Лоренцо имаа тежок пад.
Пред самиот финиш Довициозо и Лоренцо се бореа за второто место, но Дови се удри во Педроза и тројцата ја завршија трката, за среќа без повреди.
Со ваквиот расплет на настаните, Жарко помина втор низ целта а последното место на победничкиот пиедестал му припадна на Јаноне. Легендарниот Валентино Роси заврши на 5-то место.
По триумфот во Херез, Марк Маркез е нов лидер во генералниот пласман и има 24 бода повеќе од главниот конкурент Довициозо