Вчера Фејенорд во дербито на 14-тото коло на холандскиот шампион на свој терен го совлада големиот ривал ПСВ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На тој начин беше прекината серијата од 13 победи во низа на ПСВ, Фејенорд славеше со резултат 2:1.
Сепак, многу контроверзии предизвика потегот на еден домашен навивач. Фејенорд имаше водство од 2:0 се до 72-та минута кога Бергвин намали на 2:1, а гостите во 75-тата минута имаа голема шанса да стигнат до изедначување.
Првиот обид на фудбалерот на ПСВ голманот на домаќините го одбрани, но и понатаму постоеше голема опасност по голот на Фејенорд. Еден фудбалер на ПСВ натрчуваше на топката, а потоа еден од навивачите на домаќинот фрли топка на теренот.
Бидејќи на теренот се најдоа две топки судијата беше приморан да ја прекине акцијата.