ПСЖ го победи Рен со 3:1 на гостински терен во осмото коло од францускиот шампионат.
Витиња, Хакими и Рандал Коло Муани беа стрелци на Парижаните кои се на третото место со 15 бода. Амин Гуири го постигна единствениот гол за Рен, осмопласираниот клуб во Франција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Најголемата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе не ја затресе противничката мрежа, а посебно се истакна неговото промашување на крајот од натпреварот.
Мбапе оваа сезона забележа девет настапи и постигна осум голови. Седум од нив ги постигна во француското првенство каде е најдобар стрелец.