Дома Кошарка ВИДЕО: Леброн се врати Лејкерси во драматичен натпревар го добија градското дерби

ВИДЕО: Леброн се врати Лејкерси во драматичен натпревар го добија градското дерби

После повеќе од еден месец Леброн Џејмс се врати на паркетот и ги одведе ЛА Лејкерси до победа од 123:120 после продолженија против градскиот ривал Клиперси.

Леброн не играше уште од Божиќ.

„На отприлика 80%, но доволно за да се вратам. Во првата четвртина го вратив чуството, во втората малку засилив и така играв до крајот. Ќе ми треба некое време да го вратам ритамот“, изјави „кралот“ кој не играше од Божиќ.

Низата од 17 пропуштение натпревари му беше најдолга во кариерата.

На овој натпревар Леброн за 40 минути беше на чекор од трипл-дабл со 24 поени, 14 скокови и 9 асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=5o5bBkE5Sy8

НБА резултати:

Детроит – Далас 93:89

Орландо – Индијана 107:100

Торонто – Милвоки 92:105

Сан Антонио – Бруклин 117:114

Голден Стејт – Филаделфија 104:113

Лос Анџелес Клиперс – Лос Анџелес Лејкерс 120:123 (после продолженија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Европската нула на МЗТ на тест против АЕК во „Јане Сандански“

МЗТ Скопје вечерва од 19 часот ќе бара излез од серијата од три европски порази. Во Скопје…