Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Леброн и Мбапе објаснуваат како е да си супер ѕвезда на 18 години

ВИДЕО: Леброн и Мбапе објаснуваат како е да си супер ѕвезда на 18 години

0
lebron mbappe

Килијан Мбапе и Леброн Џејмс во текот на посетата не легендарниот кошаркар во Париз во рамките на кампањата на спортскиот бренд кој ги спонзорира и двајацата разговараа како е да се стане супер ѕвезда и што победата значи за нив.

Разговорот помеѓу Леброн и Мбапе започна со честитка од кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс кој му кажа дека било неверојатно да го гледа на Светското првенство во Русија. Двајцата спортисти имаат сличност и по тоа што стана супер ѕвезди на само 18 години.

„Најголемата промена е што се што правиш има поголема важност. Тоа е голем предизвик за човек од 18 години, бидејќи еден ден зборуваш што сакаш, прави што сакаш, се шеташ по улица, одиш во кино, се забавуваш, а веќе следниот ден те чека нешто кое можеби нема да можеш да го исполниш. Јас морав да се спремам за тоа бидејќи на 18 години се заљубив во кошарката, а на 4 или 5 сонував за тоа“, зборуваше Леброн.


Следете го Sportski.mk и на


„Не можеш да живееш како сите, имаш одговорност. Мораш да бидеш професионалец, бараат од тебе да се однесуваш како возрасен човек. Секогаш сонував да бидам во таква позиција. Сега кога стигнав тоа за мене не е успех, туку почеток на приказната. Кога го подигнав трофејот на Светското првенство, си кажав себе си: Ќе работам уште понапорно во следните четири години за повторно да го подигнам истиот трофеј. Многу го сакам фудбалот и затоа утеха наоѓам во тренингот“, се надоврза Мбапе.

„Победата ти прави да сакаш повеќе. Тоа е како кога родителите ќе ти го подарат најдобриот подарок за Божиќ. Ти си толку среќен, но потоа сакаш повеќе. Победата не задоволува. Дури и кога ќе дадеш се од себе, имаш чуство дека можеш повеќе“, истакна Леброн.

Леброн разговорот го заврши со зборовите дека Мбапе не е обичен 18 годишник.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сари го прокоментира доаѓањето на Игуаин

Трансферот на Гонзало Игуан во Челзи е само прашање на време, а тоа сигурно ќе го израдува…