Дома Фудбал Видео: „Кралевите“ го губат здивот, само бод против Селта

Видео: „Кралевите“ го губат здивот, само бод против Селта

Реал Мадрид одигра реми (2:2) против Селта на „Балаидос“ и додатно се оддалечи од лидерот на табелата, тимот на Барселона.

Во Виго бледата партија на Реал не заврши со пораз благодарение на двете добри напаѓачки реакции на Герет Бејл и голманот Кејлор Навас кој во 72.минута при резултат 1:2 му одбрани пенал на најдобриот стрелец на Селта Јаго Аспас.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Даниел Вајс го постигна првиот гол на натпреварот во 33-та минута. Данецот со ефектен лоб удар на брилијантен начин заврши еден контранапад на својот тим.

Следуваше блиц криг на Реал, два гола во интервал од 120 секунди и два пати стрелец беше Герет Бејл. Велшанецот во 36 и 38 минута во гол ги претвори асистенциите на Крос и Иско.

Селта имаше можност да израмни во 72.минута, но Аспас не успеа да реализира пенал, а до заслужениот бод домажните фудбалери стигнаа десет минути подцна преку Уругваецот Макси Гомес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерва во ЛШ: Можат ли Борусија и Астон Вила да ги изненадат ПСЖ и Барселона?

И вечерва се играат натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите каде што Барселон…