Динамо Загреб вечерва и гостува на Севиља во натпревар од Лигата на шампионите, а синоќа екстремните навивачи на двата тима со тепачка во центарот на градот го „најавија“ натпреварот.
Навивачите на Динамо, наречени „Бед Блу Бојс“, во вторникот вечерта имале блиска средба со екстремните фанови на Севиља. „Мундо Депортиво“ пишува дека стотина хрватски навивачи кои со часови пиеле во центарот на градот започнале да кршат се околу себе, а „АС“ наведува дека „Бед Блу Бојс“ веќе ја имаат покажано својата лоша страна на шпанска почва.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
„Навивачите на Динамо беа во еден ресторан кога беа нападнати од навивачи на Севилја, по што започна застрашувачка тепачка, во која се користеа палки и столици“, раскажа очевидец на тепачката.