Дома Фудбал ВИДЕО: Гол машината Обамејанг повторно беше на ниво за победа на Арсенал, блесна и Озил

ВИДЕО: Гол машината Обамејанг повторно беше на ниво за победа на Арсенал, блесна и Озил

Арсенал денес во рамките од 18-тото коло во Премиер лигата стигнаа до победа против Барнли од 3:1.

До водство избраниците на Емери стигнаа во 14-тата минута преку Обамејанг. Во оваа ситуација иако не беше, ни стрелец, ни асистент, најголеми заслуги има Месут Озил кој испрати маестрално додавање до Колашинац кој подоцна му асистираше на Габонецот.

Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути.

На самиот старт од вториот дел Обамејанг постигнува гол и за водство од 2:0. Со овој гол Обамејанг стигна до бројката од 22 гола во својот 31-ви настап во Премиер лигата што е пет повеќе од било кој друг играч во историјата на Арсенал (Тиери Анри 17).

Голот на надеж за Барнли го постигна Барнс во 63-тата минута. Сепак точка на натпреварот во последните минути стави Ивоби.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…