Дома Фудбал Англија Видео: Брука за Челзи, Сити против „сините“ си билдаше гол-разлика!

Видео: Брука за Челзи, Сити против „сините“ си билдаше гол-разлика!

0

Манчестер Сити буквално го декласираше Челзи со 6:0, а херој за „граѓаните“ беше Агуеро кој постигна хет-трик.

Најпрво Стерлинг го отвори резултатот уште во 4-та минута, откако најдобро се снајде во шеснаесетникот, а потоа следуваше шоу на Агуеро.

Аргентинецот најпрво во 15-та минута постигна вистински еврогол за 2:0, а три минути подоцна уште еднаш го совлада Кепа за високи 3:0. И додека „сините“ се уште беа во шок, Гундоган победи за 4:0 во 25-та минута, резултат со кој се замина на полувреме.


Следете го Sportski.mk и на


Во вториот дел „граѓаните“ не престанаа и продолжија да ја „билдаат“ гол разликата. Агуеро од пенал го комплетира хет-трикот и стана најдобриот стрелец во историјата на Сити во Премиер лигата.

Точка на натпреварот стави Стерлинг во 80-та минута за конечни 6:0.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар од +5 на полувремето на крајот изгуби од Веспрем

Maкедонскиот ракометен шампион Вардар денес во натпревар со две лица запиша пораз од тимот…