Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Бразил го чекаше судиското продолжение за први три бода!

Видео: Бразил го чекаше судиското продолжение за први три бода!

Репрезентацијата на Бразил многу потешко од очекуваното дојде до трите бода против Костарика со два гола во судиското продолжение.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бразил во текот на целиот натпревар беше подобар противник, но не успеа во првото полувреме да го зкрши отпорот на Костарика.

Второто полувреме се играше само на еден гол, но Костарика покажа дека е организирана репрезентација и цврста во одбрана.

Кејлор Навас имаше неколку фантастични одбрани, Жесус ја погоди пречката, а во првата минута од судиското продолжение конечно Кутињо го отвори резултатот.

Во последната минута од натпреварот конечно и првата ѕвезда Нејмар се запиша во листата на стрелците, после асистенцијата на Даглас Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…