Дома Трансфер зона Видал се сели во Премиер лигата

Видал се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед сака во зимскиот преоден рок да го донесе играчот за врска на Барселона, Артуро Видал, пренесуваат англиските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го засилат тимот со искусен играч за врска, а Солскјер смета дека Видал ќе биде идеално засилување. Чилеанецот оваа сезона не добива голема минутажа на Камп Ноу, па и самиот е спремен да ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед стапил во контакт со агентот на 32-годишниот играч за врска и ги започнал преговорите. Наводно „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 20 милиони евра, колку што бара Барселона за слободата на Чилеанецот.

Меѓутоа, Јунајтед не е единствениот клуб кој го сака Видал, за него силен интерес покажува и милански Интер, па се очекува „борба“ за неговиот потпис.

Медиумите тврдат дека во моментов „црвените ѓаволи“ се фаворити за неговиот потпис, бидејќи се спремни да платат 20 милиони евра, додека Интер сака да го донесе играчот на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …