Според последните информации од медиумите на Јирген Клоп не му требаше многу време да ги повлече своите први потези во Ред Бул и тоа во најважниот проект на компанијата – Лајпциг!
Лајпциг е секако најважниот клуб во франшизата на „Ред Бул“, со години е на врвот на германскиот фудбал, а исто така е добро позициониран на меѓународната сцена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од минатата недела е потврдено дека Клоп ќе биде важен дел во „Ред Бул“. Иако со работа официјално ќе започне од 1 јануари во 2025 година, медиумите веќе пишуваат за неговите први потези.
Како што пишува „Defensa Central“, Клоп ќе се обиде да го доведе Арда Ѓулер од Реал Мадрид, Турскиот репрезентативец во Мадрид има мала минутажа, меѓутоа е голем талент.
Наводно Клоп сака да го доведе бидејќи очекува да блесне по што клубот би заработил и сума од 100 милиони евра, па и повеќе.
Ѓулер навистина не игра премногу во Реал од неговото доаѓање, имаше и проблеми со повреди, а сега Карло Анчелоти го држи повеќе настрана.