Дома Фудбал Англија Вејн Руни привремен тренер на Дерби Каунти

Вејн Руни привремен тренер на Дерби Каунти

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ќе го предводи Дерби како привремен тренер додека управата не пронајде нов човек за таа позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот англиски фудбалер на пресот изјави дека веќе некое време размислува за премин во тренерските води, но нагласи дека нема да го коипира Алекс Фергусон иако под негово водство одигра најмногу натпревари во кариерата.

Поранешниот капитен на Англија ќе го предводи Дерби на натпреварот против Бристол во неделата откако отказ доби Филип Коку.

„Работев со добри и можебе најдобрите тренери на сите времиња.“ – изјави Руни на своето претставување.

„Не можам да кажам дека ќе работам како Алекс Фергусон. Мора да работите со играчите кои ги имате на располагање. Но постојат работи кои можеш да ги преземеш од други тренери. Амбициозен сум, сакам да влезам во тренерскиот свет.“ – додаде Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Eден од најславните голгетери во историјата ќе биде нов селектор на Уругвај!

Некогаш познатиот напаѓач Диего Форлан се очекува да стане новиот селектор на Уругвај. Как…