Дома Фудбал Вечерва финале на ЛШ: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид – очекувани состави

Вечерва финале на ЛШ: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид – очекувани состави

РЕАЛ МАДРИД и БОРУСИЈА ДОРТМУНД од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли. Еден од фаворитите и клубот со најмногу трофеи во историјата на натпреварувањето и аутсајдер, играат за европската титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Никој не очекуваше дека Борусија ќе стигне до мечот за вториот трофеј во Лигата на шампионите. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти има двојно повеќе, а Тони Крос и Лука Модриќ имаат по пет европски титули.

Хрватскиот великан вечерва може да го израмни рекордот на Пако Гент кој со Реал шест пати беше шампион на Европа. Тони Крос го игра последниот натпревар за Реал. Тој знае како е да се освои Лигата на шампионите против Борусија на Вембли. Таму во финалето победи со Баерн во 2013 година.

Борусија стигна до финалето како победник во групата во која беа ПСЖ, Милан и Њукасл. Во нокаут фазата ги исфрлија ПСВ, Атлетико и ПСЖ. Реал ја заврши групата пред Наполи, Брага и Унион Берлин. Во елиминацискиот дел ги минаа Лајпциг, Манчестер Сити и Баерн.

Очекувани состави:

РЕАЛ

Куртоа – Карвахал, Начо, Рудигер, Менди – Валверде, Камавинга, Крос – Белингем – Родриго, Винисиус.

БОРУСИЈА

Кобел – Рајерсон, Хумелс, Шлотербек, Матсен – Кан, Сабицер – Адејеми, Брант, Санчо – Фулкруг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседателот на ФИФА по натпреварот влезе во соблекувалната на Иран и одржа говор – еве што кажа!

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство доне…