Јануарскиот преоден рок беше малку чуден, најскапиот трансфер го направи англиски Вест Хем.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Клубовите со оглед на кризата која ги зафати поради пандемијата со коронавирусот не трошеа многу, па затоа Вест Хем е клубот кој потрошил најмногу на еден играч.
На врвот Вест Хем се најде со трансферот на Саид Бенрахма од Брентфорд, за него платија 24 милиони евра. Зад „чеканите“ е Ајакс кој пак токму од Вест Хем го купи Себастијан Алер за 22.5 милиони евра.
Манчестер Јунајтед се најде на третата позиција со трансферот на Амад Диало, „ѓаволите“ на Аталанта и платија сума од 21 милион евра. Зад Јунајтед е Лајпциг кој за Доминик Собослаи издвои 20 милиони евра, топ 5 се затвара со Монако кој за Крепин Диата плата 20 милиони евра.