Дома Трансфер зона Весли Снајдер се враќа во Серија А!

Весли Снајдер се враќа во Серија А!

Холандскиот репрезентативец Весли Снајдер ова лето ќе го напушти Галатасарај, а според последните информации е многу блиску до враќање во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако се појавија информации дека Снајдер би можел кариерата да ја продолжи во МЛС лигата, денес италијанските медиуми потврдија дека е блиску до договор со Сампдорија.

Имено, Сампдорија веќе постигнала договор со Холанѓанецот кој за две години би требало да заработи 2,5 милиони евра во Италија.

Ова го потврди и неговиот агент кој изјави дека во наредните денови трансферот би требало да биде комплетиран.

Ова ќе биде враќање за Снајдер во Серија А, каде со Интер го доживеа најголемиот успех во кариерата, а потоа во 2013 година се пресели во Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…