Арсен Венгер одлучи да го одврзе кесето и на „Емирати“ да се обиде да го донесе еден од најдорите млади играчи во светот.
Како што пишува британскиот весник „The Mirror“, Арсенал оваа недела ќе испрати понуда на Монако вредна 142 милиони за Килијан Мбапе. Според истиот извор, Венгер веќе се сретнал и разговарал со таткото на Килија, Филфред Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Венгер, во тој разговор му рекол дека младиот играч би бил на клупата доколку потпише за Реал и би бил само сенка на Роналдо, Бејл и Бензема. Во Арсенал му ветил стартен состав и одлична средина за развој.
Го опишуваат како „новиот Анри“, а селекторот на Франција, Дидие Дешамп му даде награда во облик на повик во репрезентацијата. Уште како 16-годишен стана најмладиот дебитант, а на 17 години и најмлад стрелец во историјата на Монако. Со тоа, го прескокна Анри на вечната листа, кој е исто така производ на школата на Монако.
Зинедин Зидан уште во 2013. година се обиде да го убеди тогашниот 15-годишен талент. Но, Мбапе одби бидејќи сакаше да остане во Франција, а подоцна тоа излезе како добра одлука. Во Кнежевството стана еден од најголемите таленти на Европа, а пред само неколку месеци го прослави својот 18. роденден.