Како што е веќе познато, Гвардиола треба да одлучи, тој мора да се изјасни дали Чилеанецот му е потребен оваа зима.
Во тој случај, Бегристајн и Соријано ќе настапат, па на адресата на Арсенал ќе пристигне понуда.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вечерва англиските медиуми јавија дека Венгер одлучил да го пушти Санчез за да спаси одредена сума и да собере средства за доведување на соодветна замена, а тука се споменуваат Обамејанг и Лемар.
Сумата е околу 30 милиони евра, сега е прашање само дали Сити ги има тие пари и сакаат да го платат договорот на Санчез или ќе го чекаат летото.
Се прашува и Чилеанецот, се споменува Челзи, како и ПСЖ кој пак, го продава Гуедеш, како и екипите кои би можеле да испратат понуди, но Алексис се чини посакува да премине само во Сити.