Во редовите на Арсенал ќе има големи промени на крајот на оваа сезона.
Арсен Венгер е околу 20 години во Арсенал, но наводно ова ќе биде неговата најголема реконструкција на тимот. Подготвен е на лето целосно да ја промени екипата, бидејќи е незадоволен од сегашната ситуација. Наводно, скаутот на „топчиите“, Свен Мислинтат веќе започнал да работи на трансферите и подготвува листа за „вистински“ засилувања за Венгер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Daily Mail“ тврди дека клубот најверојатно ќе го напуштат Месут Озил и Алексис Санчез, чии договори истекуваат, а потоа и Пер Мертесакер, Матје Дебуши, Санти Казорла, Тео Волкот и Оливие Жиру.
Од другата страна, Венгер ќе се обиде да го продолжи договорот со Дени Велбек и Арон Ремзи и доколку двајцата одбијат да ги продолжат новите договори и двајцата ќе станат поранешни играчи на севернолондонскиот тим.
Кога станува збор за пристигнувања, листата е навистина голема, на неа се наоѓаат Абду Диало од Мајнц, Жан Мишел Сери од Ница, Набил Фекир од Лион, Томас Лемар од Монако итн…