Дома Фудбал Останато Вацке: Клоп можеш ли да се вратиш? Клоп: Да не пиеше нешто?

Вацке: Клоп можеш ли да се вратиш? Клоп: Да не пиеше нешто?

0

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имал повик од управата на Борусија Дортмунд минатата година да се врати на позицијата тренер на „милионерите“.

Тоа го откри извршниот директор на Борусија Ханс Јоаким Вацке во својата книга „Вистиска љубов – живот со Борусија Дортмунд“.

Познато е дека Лусијан Фавер го превзема кормилото на екипата во 2018 година, но Вацке откри дека се обидел да го убеди Клоп да се врати на „Сигнал Идуна Парк“.

„Знаев дека Јирген Клоп е таков да се труди секогаш да го испочитува договорот. Тоа и го правеше. Сепак, сакав нов пат за Борусија и се обидов да го убедам да се врати“, напиша Вацке.

На оваа тема зборуваше и Клоп.

„Ми заѕвони телефонот додека бев во авион. Јирген можеш ли да се вратиш? Ме запраша Вацке. Мислев дека се шегува. Дали си луд? Да не пиеше нешто? Откаде ти дојде таа идеја, имам уште неколку години од договорот со Ливерпул“, изјави Клоп.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рибери во фудбалот нема милост ни кон својот син

Франк Рибери летоска после 12 години го напушти Баерн Минхен и потпиша за Фиорентина. Иако…