Дома Фудбал Репрезентации Бразил постигнуваше голови, ВАР ги поништуваше – кикс на „Кариоките“ против Венецуела (ВИДЕО)

Бразил постигнуваше голови, ВАР ги поништуваше – кикс на „Кариоките“ против Венецуела (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил изминатата ноќ во второто коло од Копа Америка ремизираше против Венецуела 0:0.

Бразилците беа убедливи против Боливија во првото коло (3:0), а во натпреварот против Венецуела исто така доминираа на теренот, но на крајот не успеаа да постигнат гол.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во 17-тата минута Бразил имаше одлична прилика, меѓутоа Ричарлисон шутираше силно по средината од голот, а голманот на Венецуела ја изби топката во корнер.

Тоа беше најдобрата прилика за Бразил во првото полувреме и веќе кон почетокот на второто во 47-та Бразилците бараа пенал, но после асистенцијата од ВАР судијата одлучи да не досуди најсторга казна.

Во 60-тата минута Бразил стигна до водство кога Габриел Хесус постигна гол. Сепак, ВАР и тука реагираше и голот беше поништен. Бразилците напаѓаа, а во 87-та минута постигнаа и втор гол, а ВАР и овој пат беше тука да им скрати радоста, па на крајот остана 0:0.

Во вториот натпревар од оваа група Перу ја совлада Боливија со 3:1. На табелата се Бразил и Перу имаат по четири бода, Венецуела има два, додека Боливија е без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …