Дома Фудбал Останато Ван Перси одби голем гест на Фејенорд и Холандија, даде и објаснување

Ван Перси одби голем гест на Фејенорд и Холандија, даде и објаснување

0

Mногумина таква понуда веројатно не би одбиле, но холандскиот напаѓач Робин Ван Перси одби да одигра проштален натпревар.

Ван Перси (35) на крајот од оваа сезона ќе се прости од играњето фудбал, а неговиот клуб Фејенорд беше спремен да му организира проштален натпревар, меѓутоа Ван Перси одби такво нешто. Токму како што одби и проштален натпревар да му се организира од страна на репрезентацијата на Холандија.

„Мислам дека гестот на клубот е навистина убав и тоа воопшто не е мала работа бидејќи не секој клуб ви го нуди тоа. Сепак јас не се согласив“, изјави Ван Перси и додаде:

„Знаете, играв повеќе од 700 натпревари во кариерата и мислам дека на секој треба да пристапам како да е последен. Затоа одлучив да не играм проштален натпревар, дури ниту со репрезентацијата на Холандија. Не ми е потребно тоа“, објасни холандскиот ветеран.

Ван Перси потекнува од Фејенорд, од таму направи трансфер во Арсенал во 2004 година каде што ги помина најдобрите денови. Потоа го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и Фенебахче. Од 2018 година го носи дресот на тимот од Ротердам.

За репрезентацијата на Холандија одигра 102 натпревари и постигна 50 голови од 2005 година, а освојуваше и бројни трофеи како Премиер лигата со Јунајтед во сезоната 2012/2013, беше и финалист на СП во 2010 година.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Избрани најдобрите во Серија А – Роналдо е МВП!

Кристиано Роналдо одигра одлично во својата дебитантска сезона во италијанскиот шампионат,…