Дони Ван Де Бек наскоро би можел да стане нов фудбалер на Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После Матијас Де Лихт и Френки Де Јонг Ајакс би можел да продаде уште еден од клучните играчи во минатата сезона.
За него интерес покажуваше Реал Мадрид, а сега самиот фудбалер потврди дека преговори постојат.
„Реал Мадрид е во контакт со Ајакс, постои интерес, но не можам да кажам ништо повеќе. Мојот агент разговараше со нив, но сега повеќе би разговарал за фудбалот отколку за трансферот“, изјави Ван Де Бек.
Наводно, Реал за играчот кој постигна неколку важни голови за Ајакс во минатата сезона е спремен да плати 60 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=uzf9Kw3Zglg