Дома Трансфер зона Валенсија спреми понуда за Монтоливо!

Валенсија спреми понуда за Монтоливо!


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Новиот тренер на Валенсија, Чезаре Прандели од сопствениците побарал да го донесат капитенот на Милан и италијански репрезентативец Рикардо Монтоливо.

Познато е дека Прандели исклучително ги цени квалитетите на Монтоливо и сака да го има во својот тим, па раководството на Валенсија е спремно да му ја исполни желбата.

Монтоливо е стандарден во Милан но е многу критикуван поради лошите резултати на „росонерите“, а фактот дека ја носи капитенската лента дополнително го засилува притисокот на него.

Валенсија е спремна во јануари да испрати официјлна понуда од 10 милиони евра за потписот на Монтоливо, сепак тешко е да се поверува дека Милан ќе прифати заминување на својот капитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона ја сака ѕвездата на Јувентус

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Адриан Рабио ова лето…