Дома Фудбал Буфон има несоница поради – Кристиано Роналдо!

Буфон има несоница поради – Кристиано Роналдо!

После кратката пауза во неделата која следи ни се враќа Лигата на шампионите со првите ¼ финални натпревари.

Љубителите на фудбалот во вторник ќе имаат можност да гледаат нов дуел на старите познаници Јувентус и Реал Мадрид кои минатата годинаа играа во финалето каде што Реал славеше со убедливи 4:1.

Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон призна дека има несоница пред натпреварите против Реал. Главната причина е Кристиано Роналдо кого Џиџи не го памети по добро.

„Историјата вели дека играме против екипа која е посилна од нас. Сепак, имаме два натпревари да дадеме максимум и да се пласираме во следната фаза. Сите знаеме дека Реал е моќен тим и фактот што повторно ќе се сретнам со Кристиано Роналдо ми предизвикува несоница“, изјави Буфон.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал Мадрид се игра во вторник со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По историскиот пробив, Брера го носи Хофенхајм на тест во Струмица

Младинците на Брера денеска од 14 часот го пречекуваат Хофенхајм во второто квалификациско…