Дома Фудбал Италија Буфон: Ибра е шампион, Роналдо е една од причините што се вратив

Буфон: Ибра е шампион, Роналдо е една од причините што се вратив

Милан и Јувентус вчера одиграа 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија.

Ибрахимовиќ одигра добар натпревар, но доби жолт картон и тој значи дека ќе мора да го пропушти реваншот кој ќе се игра во Торино. Покрај Ибрахимовиќ за тој натпревар суспендирани ќе бидат Тео Ернандез и Кастиљехо.

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон после натпреварот испрати големи пофалби на сметка на Ибрахимовиќ и својот соиграч Кристиано Роналдо.

„Не знаев дека Ибра ќе биде суспендиран за вториот натпреварот. Морам да признаам дека таа информација ја прифатив со насмевка. Многумина се сомневаа кога се враќаше во Милан, но тој и на 38 години прави разлика на теренот. Среќен сум за него, тој е голем шампион“.

„Роналдо е неверојатен. Ќе ви признаам, една од причините поради што се вратив во Јувентус беше можноста секој ден да тренирам и играм со Роналдо“, изјави Буфон.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Грди пораки за УЕФА од трибините на Етихад (ФОТО)

Манчестер Сити синоќа на Етихад го победи Вест Хем со 2:0 во натпревар од 26. коло во англ…