Дома Фудбал Буфон денес станува „господар“ на Серија А

Буфон денес станува „господар“ на Серија А

Јувентус денес на својот стадион го пречекува тимот на СПАЛ, а во центарот на вниманието ќе биде Џанлуиџи Буфон.

Легендарниот италијански голман, кој ова лето се врати во Јувентус, ќе биде во стартниот состав и со тоа ќе стане „господар“ на Серија А.

Имено, Буфон ќе го има својот 903-ти настап во Серија А, уривајќи го рекордот на досегашниот лидер во класификацијата, Паоло Малдини кој има 902 настапи.

41-годишниот Буфон го имаше своето деби во Серија А за Парма на 19 ноември 1995 година, а во дресот на Јувентус денеска ќе го одигра својот 658 меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест минути за нов почеток: Цветаноски повторно во дресот на Железничар

Матеј Цветаноски ја заврши паузата од 244 дена по тешката повреда на ногата. Неговото враќ…