Дома Топ вести Бруно Фернандеш денес пристигнува на прегледи во Манчестер

Бруно Фернандеш денес пристигнува на прегледи во Манчестер

Веќе пристигнуваат потврди од сите медиуми дека Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон постигнале договор за трансферот на Бруно Фернандеш.

Португалецот денес треба да пристигне на лекарски прегледи во Манчестер, а потоа да стави потпис со „црвените ѓаволи“ до 2024 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јунајтед со португалскиот играч за врска од поодамна има договор, но двата клуба долго време не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Спортинг конечно ја прифати последната понуда на Јунајтед „тешка“ 55 милиони евра во кеш плус 25 милиони во име на бонуси.

10 милиони евра од бонусите ќе бидат лесно остварливи и Јунајтед ќе треба да ги исплати во наредните два години, а останатите 15 милиони евра се потешко остварливи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…